Во Иран нови 200 смртни случаи од Ковид-19

Од:

Во Иран, 200 лица починаа во претходните 24 часа од последиците од Ковид-19, најмногу во еден ден откако се прошири пандемијата во таа земја.

Вкупниот број на смртни случаи во Иран од оваа болест е 11.931, додека од почетокот на пандемијата, регистрирани се 245.688 случаи на инфекција, од кои 2.637 во текот на претходниот ден.

До вчера, во Иран најголем пораст на бројот на смртни случаи за еден ден беше 163, но црниот рекорд беше соборен во следните 24 часа со 200 потврдени смртни случаи.

Дневниот број на заразени со коронавирус и смртни случаи во Иран се зголеми нагло во текот на изминатата недела, откако властите почнаа постепено да ги ублажуваат ограничувањата наметнати кон средината на април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски