Во Иран денеска од Ковид-19 починаа дури 434 луѓе

Од:

Иран денеска го има најлошиот ден од почетокот на пандемијата на коронавирус, бидејќи 434 лица починаа од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Црниот рекорд се случи еден ден откако иранските власти донесоа одлука за зајакнување на мерките, што предвидува затворени училишта, колеџи и џамии во голем дел од земјата.

Портпаролката на Министерството за здравство Сима Садар Лари изјави дека бројот на починати од болеста предизвикана од коронавирус се зголемил на 35.298. Бројот на новоинфицирани е 7.719, а од почетокот на пандемијата – 620.491.

Претседателот Хасан Рухани вчера рече дека новите ограничувачки мерки ќе стапат во сила од среда, во 25 од 31 иранска провинција, и дека тие ќе траат најмалку 10 дена.

Со цел да се запре третиот бран на коронавирусот, иранските власти забранија свадби, бдеења и конференции во Техеран до следното известување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски