Во Индонезија повторно отворено кафуле со „свастики“ и ѕидна слика на Хитлер

Од:

Во индонезискиот град Бандунг денеска повторно е отворено кафулето во кое на ѕидот стои портрет на Хитлер, а во амбиентот има и три големи железни орли што носат „свастики’’ (кукасти крстови), познати симболи од пропагандните плакати на германските нацисти од Втората светска војна.

Кафулето беше затворено минатата година, по серија протести во домашната и меѓународната јавност, а отварањето на кафулето под името „Солдатен кафе“, со истата симболика пак доби голем публицитет.

soldatenkaffee

Индонезиските медиуми коментираат дека, покрај се друго што е негативно, ова  „Солдатен кафе“ фрла дамка и врз историјата на Бандунг, универзитетски град на околу 150 километри источно од Џакарта. Во Бандунг, тогашните претседатели на Индонезија Сукарно, индискиот Нехру и југословенскиот Тито, формално го прогласија почетокот на Движењето на неврзаните. Во ова движење Индонезија и натаму има водечка улога.

Малиот број луѓе кои се обидуваат да го оправдаат или објаснат повторното отварање на „Солдатен кафе“ потсетуваат дека „свастиката“ нацистите само ја позајмиле за свој симбол. За повеќето народи на Азија таа е симбол поврзан со добрина и благосостојба и дека никој од милионите азијати што го ставаат кукастиот крст при тетовирање или во своите домови, не ни помислува на некакво зло.

soldatenkaffee1

На еден сериозен портал во Индонезија пишува дека „свастиката“ е позната кај Индијанците, Викинзите, Грците, Келтите, кај Маите, Астеките и Феничаните и други народи ширум светот. Се пренесуваат текстови од сериозни енциклопедии според кои „свастиката’’, како позитивен симбол, може да се спореди со Давидовата ѕвезда во синагогите.

Би можело да ве интересира

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Инденезија од 7,1 степени според Рихтер, недалеку од Бали