Во Индија илјадници луѓе вакцинирани со солена вода

Од:

Илјадници луѓе во Индија станаа „плен“ на разработена шема за измама која продава лажни вакцини за коронавирус и вакцинира луѓе, вклучувајќи лекари и медицински работници, соопштија денеска индиските власти.

Најмалку 12 лажни акции за вакцинирање се случиле во или во близина на Мумбај, во западно индиската држава Махарастра, изјави за Си-Ен-Ен Висал Такур, висок полициски службеник во Мумбај.

– Тие користеа солена вода и инјекции. Во секој лажен камп што го имаа, тие го правеа тоа, рече Такур.

Околу 2.500 лица примиле лажни вакцини, а организаторите за вакцинација им наплатиле на жртвите за вакцините, заработувајќи вкупно 28.000 долари.

– Ги уапсивме лекарите кои користеа болница што произведува лажни сертификати, шишиња, шприцеви, рече Такур.

Досега се уапсени 14 лица под сомнение за измама, обид за убиство, заговор и низа други кривични дела.

Индија беше погодена од втор бран на коронавирус помеѓу април и почетокот на јуни, што зарази милиони и уби десетици илјади луѓе низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка