Во Индија 49 починати од екстремно високи температури

Најмалку 49 лица починале во последните 24 часа во индиската сојузна држава Бихар, во северниот дел од земјата, каде веќе две седмици има екстремно високи температури.

Жртвите главно се од областа Магад, која е зафатена од суша и температура од околу 45 степени Целзиусови.

Локалните власти соопштија дека починале 49 луѓе во три дистрикти, додавајќи дека многумина од нив се пренесени в болница, но и покрај укажаната лекарска помош тие сепак го загубиле животот. Во болниците се уште се наоѓаат околу 40 лица.

Голем дел од северот на Индија веќе две седмици е погоден од неподносливи горештини. Во Раџастан се измерени над 50 степени Целзиусови.

Во топлотен бран во 2015 година во Индија и Пакистан починаа повеќе од 3.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Индиец фатен како силува теле, го моли животното за прошка

Татјана Ташкова

Во поплавите во Непал досега загинале 78 лица, милиони лица во Индија имаат потреба од помош

ВИДЕО: Четворица загинати, повеќемина затрупани при уривање на зграда во Мумбај

Ана Ололовска

Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија

Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Ана Ололовска

Во Индија првпат организиран ЛГБТ саем за вработување