Во Хонг Конг се затвораат училиштата поради зголемениот број заразени од коронавирус

Од:

Од среда се затвораат училиштата во Хонг Конг со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објавија денеска локланите власти откако се потврдени нови 115 случаи, што е најголем дневен биланс на нови инфекции од почетокот на четвртиот бран на епидемијата.

Пред повеќе од една недела Хонг Конг се соочи со четвртиот бран на Ковид-19, кога за прв пат од 1 август беа потврдени 125 случаи во еден ден..

Од новите 115-те денешни случаи, 62 се однесуваат на кластер поврзан со клуб за танцување, со што бројот на заразени во оваа група достигна 479 лица.

Од четврток се затворени сите барови, ноќни клубови и простории за забава и тоа на најмалку седум дена.

Би можело да ве интересира

Дали потеклото на вакцината ќе влијае на патувањето на граѓаните

Ландов

Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

Жарко Настоски

Тренерот на ПСЖ Покетино се зарази со коронавирус

Жарко Настоски

Можеби никогаш нема да го најдеме „нултиот пациент“, велат од СЗО

Жарко Настоски

ВИДЕО: Српскиот епидемиолог Кон се разлути: Јас не сум ничиј подопашник!

Жарко Настоски