Во Хонг Конг предупредуваат за трет бран на епидемијата на новиот коронавирус

Од:

Властите во Хонг Конг, кои успешно се бореа против пандемијата на коронарвирусот, сега предупредуваат за можен „експоненцијален раст“ на нови случаи, како резултат на зголемувањето на локалниото пренесување.

Од неделата, Ковид 19 е дијагностициран кај 65 лица, вклучувајќи 31 локално пренесен случај што се нарекува „трет бран“ на пандемијата во Хонг Конг.

Инфицирани се таксисти, работници во ресторани, медицински лица и лица во домови за нега на стари лица, јави Си-Ен-Ен.

– Можно е да се работи за голема епидемија. Можно е ненадејно експоненцијално зголемување на бројот на заболени, изјави д-р Чуанг Шук-кван од Центарот за здравствена заштита.

Во Хонг Конг регистрирани се 1.324 случаи на заболени од почетокот на епидемијата, а само седум лица починаа.

Причината за таквиот успех на градот во сузбивањето на Ковид-19 е воведување на карантин за луѓе кои доаѓаа од странство, ефикасно следење на контакти, подготвеност на граѓаните да носат заштитни маски, да ги почитуваат мерките за хигиена и социјалната дистанца.

Би можело да ве интересира

Гејтс: Јас спасувам животи, а некои ме обвинуваат дека убивам

А1он

Матоши: Не се укинуваат ПЦР тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

А1он

Дневен преглед Ковид-19: Во речиси сите соседни земји има над 200 новозаразени за 24 часа

А1он

Северина позитивна на Ковид-19

А1он

Расте недовербата во анти-ковид вакцината, се повеќе Американци не сакаат да се вакцинираат

Горјан Грнчаровски

Хаос на албанско – грчката граница, заглавени илјадници албански граѓани

А1он