Во Холандија втор ден по ред рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Од:

Во Холандија денеска се регистрирани речиси 8.000 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Втор ден по ред се регистрира рекорден број на пациенти, соопшти Националниот институт за јавно здравје додавајќи дека денеска има 7.984, а вчера дневниот пораст на заразени бил 7.791.

Во Холандија, според сајтот Ворлометар, бројот на заразени почна да се намалува кон крајот на мај, а на почетокот на август повторно почна да расте.

Од последниот пресек починале уште 16 лица.

Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 211.938 лица, а 6.708 починале.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

На изборите во Холандија најмногу гласови освои опозициската десничарска Партија на слободата

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ