Во Гватемала покрената истрага поради експлоатација на детски труд

Од:

Владата на Гватемала покрена истрага за наводите дека деца работат на десетина плантажи за кафе, најави шефот на државата Алехандро Џиматеи.

Истрагата беше најавена откако британскиот Канал 4 во понеделникот емитуваше документарен филм во кој е прикажано дека на седум плантажи за кафе, кои се поврзани со швајцарската компанија „Неспрес“ и на пет плантажи поврзани со американската фирма „Старбакс“ работат деца, од кои некои се на осумгодишна возраст.

– Наводите за експлоатација на детскиот труд се составен дел од меѓународните напори за дискредитирање на „Неспрес“ и „Старбакс“, со што сериозно се загрозува секторот за производство на кафе, изјави претседателот на Гватемала, Џиматеи пред емитување на документарниот филм.

Извршниот директор на „Неспрес“ Гијом Ле Кунф изјави дека минатата недела испратиле тим од истражители со цел да се утврди вистинитоста на наводите и да се запре набавката на кафе до завршување на истрагата.

– Детскиот труд нема место во нашиот синџир, истакна Ле Кунф.

Реагираше и американскиот актер Џорџ Клуни, кој во 2013 година го промовираше „Неспресо“.

– Документарниот филм ме изненади и растажи. Очигледно управата и компанијата ги чека уште многу работа и тие тоа ќе го направат, посочи Клуни

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска