Во Грузија закажани парламентарни избори за 31 октомври

Од:

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили издаде указ за одржување парламентарни избори во земјата на 31 октомври.

“Парламентарните избори во нашата земја ќе се одржат на 31 октомври, како што е предвидено со нашиот Устав. Сакам да се обратам кон нашето општество и да повикам овие два месеци пред изборите да бидат мирни”, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Заедно со назначувањето на датум на изборите, од денеска во Грузија официјално започна предизборната кампања.

Согласно Уставот, следните парламентарни избори ќе се одржат последната сабота во октомври, во годината на изминување на мандатот на претходниот парламент.

Грузискиот парламент со 150 члена ќе биде избран во 2020 година под мешан систем: 30 според мнозинскиот систем и 120 според пропорционалниот систем. Во мнозинска изборна единица, ќе победи кандидатот со повеќе од 50 отсто од гласовите. Ако ниту еден од кандидатите не може да го стори тоа, се оди во втор круг. Цензусот за влез на партиите во парламентот ќе биде 1 отсто, а за блоковите – колку што е бројот на субјекти што влегуваат во коалиција.

Би можело да ве интересира

Грузија: Ослободени 43 заложници, напаѓачот во бегство

Ана Ололовска

ВИДЕО: Грузискиот разбојник фатен откако му ги дадоа парите и се обиде да избега со тројца заложници

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Драма во Грузија: разбојник со автоматска пушка и бомба држи 20 заложници во банка

А1он

ВИДЕО: Експретседателот на Грузија Саaкашвили нападнат со тупаници во Атина

Жарко Настоски

Локални избори во Романија, 18 милиони граѓани ќе можат да гласаат за градоначалници

А1он

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање не треба да се сведе на три фирми

А1он