Вo Грузиja амнeстирани приближно 200 политички затвореници

Од:

Во Грузија денеска влезе во сила најобемниот во историјата на земјата закон „За амнестија“, пренесоа руските медиуми. Законот беше донесен од парламентот во декември минатата година и синоќа беше потпишан од претседателот на парламентот Давид Усупашвили.

Во согласност со законот во следните два месеца од затворите ќе бидат ослободени приближно 3.000 лица, осудени за лесни и непромислени криминални дела, за економски и други прекршувања.

Меѓу амнестираните се и 190 лица, прогласени за политички затвореници од парламентот на крајот на минатата година, а кои биле осудени во периодот 2005-2011 година за учество во акции на опозицијата.

Тие беа ослободени од затвор уште итринава.

Усупашвили вчера изјави дека на 11 јануари истече рокот, во кој претседателот Михаил Саакашвили можеше да го потпише донесениот закон „За амнестија“.

-Откако претседателот не го потпиша овој документ, јас го искористив своето уставно право и го потпишав законот, изјави претседателот на парламентот.

На 27 декември минатата година Саакашвили стави вето на делот од законот, што ја зафаќаше амнестијата на политичките затвореници. Тој оцени дека неправилно се ставени во списокот на политички затвореници неколко лица, осудени според обвинение за шпионажа во корист за Русија, и неколку војници осудени во 2009 година за обид за државен преврат.

Но, владеачката коалиција „Грузиски сон“ оваа изјава на Саакашвили ја нарече обид за „оправдување на незаконските апсења и гонење од политички мотиви“.

На 28 декември парламентот го отфрли ветото на претседателот, потсетуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски

Русија ја укина забраната за летови во Грузија

Ана Ололовска

Шефот на руската разузнавачка служба: Западот ја турка Грузија во војна со Русија