Во Германија за првпат определена минималната плата за сите вработени

Од:

Долниот дом на германскиот Парламент,денеска го усвои новиот закон со кој во Германија се определува минималната плата за сите вработени.Минималната плата изнесува 8,5 евра за час и засега е повисока од онаа во САД и во Велика Британија.

Демохристијанската партија на канцеларот Ангела Меркел се согласи со едно вакво решение,како дел од спогодбата за владината коалиција со Социјалдемократската партија. Ова е прв пат во германската историја, владата и Парламентот да опеделат колкава ќе биде најниската плата.

Досега,синдикатот и работодавачите се договараа околу определувањето на „минималецот“ на вработените. Во овој момент, Германија е една од седумте земји членки на ЕУ,во која не е определена минималната плата.

Ваквиот потег на колационата влада во Берлин предзвика бранување во домашната политичка јавност и посебно меѓу бизнис лидерите.Бизнисот предупредува дека определувањето минималец за вработените во Германија може да предизвика намалување на бројот на работните места.

Дел од работодавачите оценуваат дека компаниите сега може да почнат да ги префрлаат своите погони во други земји,каде работната сила е поевтина,како и дека по една ваква мерка,германската економија би можела да биде помалку конкурентна. Примената на законот за минимална плата ќе се одвива постепено,затоа што за некои сектори е определен грејс период од две години.Но за сите други,законот стапува во сила од 1 јануари 2015 година.

Од почетокот на 2018 година ќе се почне со годишното преразгледување на нивото на минималната плата. Колку за споредба, од март оваа година „минималецот„ во Велика Британија изнесува 7,8 евра.Во мај,Швајцарците на референдум, со големо мнозинство, го отфрлија предлогот за определување минимална плата во оваа земја од 18 евра за час,што требаше да биде далеку најголема во светот.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски