Во Германија вакцината „АстраЗенека“ пак ќе се користи кај луѓе од сите возрасти

Од:

Германија ќе дозволи вакцината на компанијата „АстраЗенека против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на Астра Зенека беше дозволена само на постари од 60 години.

Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на Бионтек/Фајзер за таа возрасна група.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени