Во Германија уапсени се браќа од Сирија обвинети за планирање терористички напади

Од:

Германската полиција денеска уапси двајца Сиријци во Хамбург и Кемптен под сомнение дека планирале терористички напади.

„Двајцата уапсени се осомничени дека заеднички подготвувале напад со радикално исламистичко и џихадистичко потекло, што би го извршиле со помош на појас со експлозив“, се вели во соопштението на Државното обвинителство во Хамбург.

Двајцата осомничени Сиријци се браќа, од кои 28-годишниот живеел во Хамбург, на северот на земјата, а неговиот брат, четири години помлад, во јужниот германски град Кемптен.

Главниот обвинет, кој беше уапсен во Хамбург, изминативе неколку недели се обидуваше да добие материјал за склопување на експлозивна направа преку платформата eBay. Властите не соопштија дали потенцијалните напаѓачи веќе ја утврдиле целта на нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Анкара, загина терорист, но има повредени

(ВИДЕО) Уапсени се тројца нашинци кои војувале за ИСИС во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тројца полицајци загинаа, а осум се повредени во оружен инцидент во Ингушетија

Белгиските власти обвинија седум лица за „можни терористички напади“

Две доживотни казни за помагачите на џихадистот Кујтим Фаизулаи кој уби луѓе во Виена

Горан Наумовски

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски