Во Германија уапсени осуммина десничари под сомнение за трговија со дрога и перење на пари

Од:

Германската полиција утрово изврши рација и уапси осум лица поврзани со ултрадесничарска мрежа под сомение за вмешаност во трговиија со дрога и перење на пари.

Повеќе од 500 полицајци, вклучително и припадници на специјалните единици извршија претреси во 27 станови и продавници во неколку германски сојузни држави.

Приведени лица се на возраст од 24 до 55 години.

Според германските медиуми осомничените биле поврзани со две различни неонацистички групи наводно задолжени за трговија со дрога, а биле вмешани и во илегална трговија со оружје.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени