Во Германија уапсен второосомничен во случајот на шпионирање за Русија

Од:

Германските власти денеска соопштија дека уапсиле второ лице во врска со случајот со шпионажа за Русија, јави Анадолија.

Федералните обвинители соопштија дека Артур Е., чие презиме не е објавено од причини за приватност, бил приведен на аеродромот во Минхен минатиот месец по пристигнувањето од САД.

Обвинителите објавија дека осомничениот, германски државјанин, е обвинет за предавање тајни на руската разузнавачка служба, добиени од Карстен Л., познаник кој работи за германската разузнавачка агенција БНД.

„Артур Е. не бил вработен во БНД“, рекоа обвинителите.

Во истрагата германските власти добија поддршка од ФБИ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Седум загинати во тешка сообраќајна несреќа во Германија

Ана Ололовска

Левичари запалиja салон за автомобили во Германија

Горан Наумовски

Пропадна референдумот во Берлин, не излегоа доволно гласачи

Горан Наумовски

Маж во Хамбург уби човек, а потоа се самоуби

(ВИДЕО) Протести за климата во Германија, активисти ги блокираа мостовите во Хамбург

ВИДЕО: Возач на автомобил газеше пешаци на аеродром во Келн, има повеќе повредени

Ана Ололовска