Во Германија уапсен разузнавач кој шпионирал во корист на САД

Од:

Германски разузнавач, кој работел за германската разузнавачка агенција БНД, е уапсен за шпионирање во корист на САД, откриваат медиумите во Берлин. Апсењето го потврди германското Федерално обвинителство, но не се даваат никакви други детали.

Уапсениот шпион се обидувал да дојде до тајни и доверливи материјали со кои располага една комисија во германскиот Парламенет, која го испитува делувањето на странските разузнавачки агенции на територијата на Германија.

Шпионот е на возраст од 31 година и, според тврдењето на неделникот „Шпигел“, се обидувал тајните документи да и ги достави на својата американска врска, а за таа услуга да добие соодветен паричен износ.

Неидентификуван германски политичар, меѓутоа, ја отфрла како неточна верзијата на неделникот, објаснувајќи дека уапсениот самиот им се понудил на Американците, за да им ги обезбеди тајните документи, не барајќи притоа никаков надомест. Овој извор тврди дека уапсениот разузнавач не е во директна врска со парламентарната истрага, како и дека не е меѓу „врвните шпиони“ во БНД.

Германските власти побараа од американскиот амбасадор во Берлин,како и од персоналот на американската национална агенција НСА, да соработуваат и „да и помогнат на истрагата“ во овој случај.

Претставник на кабинетот на канцеларот Ангела Меркел изјави дека станува збор за „сериозно прашање“, а аналитичирите во германскиот главен град проценуваат дека овој најнов шпионски инцидент уште повеќе ќе ги влоши и онака заладените германско-американски односи.

Германската политичка јавност гневно реагираше на откритијата на американскиот бегалец Едвард Сноуден,поранешен соработник на НСА, кој сега како азилант престојува во Русија, за тоа дека Американците го надгледувале и мобилниот телефон на канцеларот Меркел.

Неделникот „Шпигел“ објави цела серија написи за „нелегалното“ дејствување на НСА, вклучувајќи го и она на територијата на Германија, што предизвика формирање на комисијата, составена од деветмина парламентарци кои сега го испитуваат делувањето на странските разузнавачи.

Во Берлин се смета дека по апсењето на разузнавачот, кого дел од медиумите го означуваат како „двоен шпион“, Вашингтон може да се најде во ситуација да не може да ја добие германската поддршка за справување со „руските активности“ во Украина, како и за контролата на иранската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени