Во Германија уапсен маж кој шетал со самурајски меч и пиштол

Од:

Германската полиција уапси маж кој кусо време предизвикал паника во пешачка зона во Гринштат, југозападна Германија, каде се појавил со самурајски меч и пиштол.

По неколкуте повици од загрижени минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала истрел и забележала маж во видливо алкохолизирана состојба.

Локалните медиуми јавија дека 50-годишниот маж го предал мечот и пиштолот откако полицијата испукала предупредувачки истрел.

Детали не се познати, а полицијата соопшти дека нема индикации дека инцидентот бил политички мотивиран.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис