Во Германија пристигнаа првите американски војници

Од:

Првите американски војници, кои треба да ја интензивираат присутноста на НАТО во Источна Европа за време на кризата на руско-украинската граница, пристигнаа во Германија, соопшти американската армија.

– Војниците на 18. Воздушно-десантен корпус денеска пристигнаа во Висбаден, се наведува во соопштението на американската армија.

Во соопштението се наведува дека во Германија ќе биде формиран заеднички штаб како поддршка на 1.700 падобранци распоредени во Полска.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на 2 февруари најави распоредување на речиси 3.000 американски војници во Полска и во Романија, за да ја заштитат Источна Европа од потенцијално прелевање на кризата од Украина.

Пентагон најави дека ескадрила Страјкер од околу 1.000 американски војници стационирани во Вилсек, Германија, ќе биде распоредени во Романија, а околу 1.700 припадници на 82. воздушнодесантна дивизија од базата Форт Брег во Северна Каролина ќе бидат распоредени во Полска. Додека 300 други американски војници ќе бидат префрлени од Форт Брег во Германија.

Во Полска веќе пристигнала американската воена опрема. Сè уште е непознато кога ќе пристигнат американските војници и каде ќе бидат стационирани. Во Полска има околу 4.500 американски војници, кои главно се стационирани во западниот дел на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски