Во Германија поднесени 320.000 барања за азил во 2016 година

Од:

Бројот на базања за азил во Германија во 2016 година се намалил до околу 320.000, што е значително намалување во споредба со претходната година.

Намален е и бројот на уапсени во земјата за шверц на луѓе, пренесе ДПА, повикувајќи се на весникот „Велт ам зонтаг“.

Приближно 321.000 лица пројавиле интерес за добивање азил во земјата во 2016 година, а бројот на месечно поднесени барања се намалувал во текот на целата година – од 91.671 во јануари до 16. 441 во декември, покажуваат податоците на Федералната служба за миграција и бегалци.

Во 2015 година во Германија пристигнаа околу 890.000 кандидати за азил.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во 2016 година приближно 900 лица биле уапсени во земјата за шверц на луѓе, што е значително намалување во споредба со претходната 2015 година, кога нивниот број изнесувал 3.370.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска