Во Германија брзите Ковид тестови од 1 јули ќе се наплаќаат

Од:

Германија ќе започне да ги наплаќа брзите тестови за Ковид, кои досега беа бесплатни, но ќе ги ослободи ранливите групи од плаќањето.

„Од 1 јули, брзите тестови, кои се широко достапни низ цела Германија, ќе ги чинат граѓаните по 3 евра, а остатокот ќе го сноси државата“, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тестовите ќе останат бесплатни за луѓето кои припаѓаат на ранливите групи, лицата во старските домови, болниците и децата.

Планираниот прекин на бесплатните тестови предизвика загриженост дека во Германија може да се забележи пораст на инфекции со коронавируÑ во наредните месеци.

Во последните 24 часа, Германија регистрираше повеќе од 108.000 нови случаи на инфекција, како и 90 смртни случаи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени