Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење

Од:

Во реонот на јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“ е откриен моќен извор на радиоактивно зрачење, кое 100 пати повиско од дозволената норма, соопшти денеска компанијата-оператор со нукеларката „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО).

Како што јави ТАСС, изворот на зрачење е во зоната на подземен базен за радиоактивна вода, чие количество постојано се зголемува.

Складиштето, изградено пред три години, веќе не се користи поради бројните истекувања од него, истакнува компанијата.

Според податоците на ТЕПКО, радиоактивоста на тоа место пред една седмица изнесувала едвај 87 бекерели, додека сега доситгнало 9.300 бекерели.

Компанијата не може да утврди што го предизвикало овој драстичен скок. Според нејзините податоци, во базенот има мали количества високорадиоактивна вода, но тие се безбедно изолирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија