Во Франција започна кампања за тестирање од Ковид-19

Од:

Регионалната здравствена агенција во Бретања, Франција почна со јавна кампања за вирусни и серолошки тестови на Ковид-19, со која ќе бидат опфатени 63.000 лица во пет општини во Кот д’ Амор. Оваа кампања ќе се организира на доброволна основа со испраќање на ваучери во текот на месец јули, по електронска пошта или пошта до сите осигуреници од општото и заемното здравствено осигурување за погодените општини. Граѓаните ќе можат бесплатно да се тестираат.

– Овој експеримент е дел од глобален пристап за поголемо тестирање и идентификување на асимптоматски случаи. Целта е да се осигураме дека не постои непозната циркулација на вирусот, се наведува во соопштението на здравствената агенција.

Слична кампања веќе почна на крајот на јуни во 32 француски градови, при што беа испратени ваучери до 1,3 милиони лица да направат виролошки тест.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано