Во Франција во ноември се заразиле над 850.000 луѓе, најмногу во еден месец од почетокот на пандемијата

Од:

Француското Министерство за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 4.005 новозаразени и 406 смртни случаи меѓу пациенти со Ковид-19.

Во извештајот на француското министерство се вели дека ноември е месецот со најголем, рекорден број од 854.863 нови, потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Во Франција досега се евидентирани вкупно 2,22 милиони заразени со Ковид-19 и 52.325 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден