Во Франција се судрија два патнички воза

Од:

Според информации на регионалната телевизија „Франс 3 Акитен“ на 17 километри од По, град во француските Пиренеи, дошло до судир на два патнички возови, од кои еден е брзиот ТГВ.

Во несреќата имало најмалку 15 повредени од кои тројца потешко, јави дописникот на МИА од Париз.

Според весникот „Суд Вест“, ТГВ непосредно пред судирот застанал на пругата, и до судирот дошло пред тој повторно да тргне.

Засега нема повеќе информации за причината на несреќата, а спасувачките екипи работат на евакуирањето на повредените.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата