Во Франција прв случај на инфекција на мачка со новиот коронавирус, ја заразил сопственикот

Од:

Франција соопшти за прв случај на зараза со новиот коронавирус на мачка, најверојатно, заразена од нејзиниот сопственик. Тоа го соопшти денеска Институтот за ветерина во Париз (ЕНВА), од каде препорачаа заразените сопственици да одржуваат физичка дистанца од своите миленици.

„ЕНВА, националната Агенција за санитарна безбедност на храна, животна средина и здравје при работа и Институтот Пастер го регистрираа првиот случај на мачка заразена со коронавирусот во Франција“, се вели во соопштението.

Ветеринарниот институт тестираше десетина мачки чии сопственици биле заразени во поширокото подрачје во Париз. Еден од тие тестови е позитивен, a мачката има респираторни и дигестивни проблеми.

„Според сегашните научни сознанија, мачките не можат лесно да заразат коронавирусот дури и кога нивните сопственици се заразени“, велат од институтот, потсетувајќи дека четири мачки се заразени ширум светот.

Тие им препорачуваат на сопствениците на миленичиња да не ги пуштаат надвор како и да одржуваат физичка дистанца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска