Во Франција од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници

Од:

Во Франција oд денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против Ковид на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката е за околу 2,7 милиони луѓе кои се во здравствениот сектор.

За да ја продолжат својата професија, од денеска, ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот. Два месеца откако францускиот претседател Емануел Макрон им постави ултиматум на здравствените работници, некои од нив продолжуваат да одбиваат да се вакцинираат. Според најновите податоци на властите, заклучно со 7 септември, нешто повеќе од 88 проценти од здравствените работници во болниците и домовите за стари лица примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Синдикатите на француските медицински лица предупредија дека може да биде предизвикана здравствена катастрофа доколку медицинските лица кои одбиваат да се вакцинираат престанат да ја практикуваат својата професија и ги повикаат властите да избегнат воведување санкции.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии