Во Франција од денеска 135 евра казна за неносење заштитна маска на затворени јавни места

Од:

Од денеска во Франција е задолжително носењето на заштитна маска во сите затворени јавни места, а во случај на непочитување на одредбата, казната изнесува 135 евра, јави дописникот на МИА.

Само четири месеци откако властите соопштија дека заштитната маска „не е корисна“ за да се стави под контрола епидемијата со Ковид-19, од денеска носењето маска стана задолжително на затворените јавни места.

Оваа мерка претходно беше предвидена да почне да се применува од 1 август, но таа беше спроведена порано со оглед дека има повеќе активни кластери во земјата. Казната за неносење маска е 135 евра, исто како и во јавниот транспорт, што е 5.6 отсто од просечната плата во земјата.

Според министерот за здравство, Оливие Веран, во Франција има меѓу 400 и 500 активни кластери на епидемијата, а во девет од 12 региони Р-факторот за ширењето на заразата е веќе надминат.

Од денеска задолжително треба да се носи маска во јавниот транспорт, музеите, рестораните, продавниците, администрацијата, банките и покриените пазари.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден