Во Франција највисок број на заболени од Ковид-19 од крајот на мај

Од:

Здравствените власти на Франција регистрираа 1695 нови случаи на коронавирус за 24 часа. Во вторникот, научниот совет што ја водеше Владата во борбата против Ковид-19 предупреди дека Франција нема да биде имуна од втор бран во текот оваа есен.

Вкупниот број на смртни случаи од „Ковид-19“ во земјата достигна 30305. Додека бројот на хоспитализирани со вирусот е 5114, што е намалување за 14 лица од претходниот ден. Во одделенијата за реанимација и интензивна нега, каде што беше забележано зголемување на креветите зафатени од пациенти со „Ковид-19“ бројките флуктуираат во последниве денови, ставајќи му крај на континуираното движење надолу што беше забележано од 9 април (384 наспроти 388).

– И за време на одмор, дури и во лето, вирусот сè уште активно циркулира. Затоа, сите сме загрижени, потенцира Општата дирекција за здравство, која уште еднаш повикува на почитување на физичкото растојание и заштитните мерки во однос на најстарите и најранливите.

Би можело да ве интересира

Црна Гора е најголемото жариште на Ковид-19 на Балканот

А1он

Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Евакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Ана Ололовска

Кремљ верува дека Париз не го обелоденил разговорот Путин-Макрон

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска