Во Франција барање за нов „локдаун“ во земјата

Од:

Шефот на Француската болничка федерација повика на воведување ново национално затворање за да се спречи ширењето на Ковид-19. Фредерик Валету, шеф на болничката федерација и градоначалник на Фонтенбло, јужно од Париз, за локалните медиуми изјави дека ситуацијата во болниците засега е под контрола, но и дека во многу области е „многу тензична“.

Изјавата на Валету е еден ден откако премиерот Жан Кастекс рече дека ситуацијата во земјата е „деликатна“, но исто така и дека се уште не е потребно ново затворање.

Кастекс нагласи дека стапката на ширење на заразата не се зголеми значително во последните две недели, иако притисокот врз болниците е голем. Но, неколку водечки француски лекари не се согласуваат со него.

Карине Лакомбе, раководител на одделот за инфективни болести во болницата Сент Антоан во Париз, рече дека нови мерки се „неизбежни“.

Франција минатата година воведе два национални „локдауни“ и во моментов е воспоставен еден од најстрогите полициски часови во светот, од 18 до 6 часот наутро.

Кастекс ги повика работодавците да им дозволат на работниците да работат повеќе од дома.

Би можело да ве интересира

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

16 уапсени и тројца повредени полицајци на протестите во Франција против ковид пропусниците

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: 200 илјади Французи незадоволни од мерките на Макрон излегоа на улица

ВИДЕО: Француската полиција со солзавец ги растера демонстрантите против санитарните пропусници

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Жестоки протести во Франција против „здравствената диктатура“ и против ковид пасошите

Франција воведува ограничувања за патниците од неколку европски држави

Катерина Павлова-Николовска