Во Франција 2.606 смртни случаи од коронавирусот

Од:

Генералниот директор за здравство, професорот Жером Саломон, на редовната дневна прес-конференција, рече дека во Франција од 1 март се регистрирани 2.606 смртни случаи во болниците, а за последните 24 часа има 292 смртни случаи, јави дописникот на МИА од Париз.

– Во моментов во Франција се хоспитализирани 19.354 лица низ целата земја. Од нив 4.632 сериозни случаи бараат многу тешка интензивна нега. Од овие пациенти 34 отсто се помлади од 60 години. Во последните 24 часа 359 лица поминале на интензивна нега, рече професорот Саломон.

Во бројките не се пресметани смртните случаи надвор од болниците.

Саломон информира дека 177 земји пријавиле случаи на коронавирус со вкупно 685.000 инфекции, од кои 32.177 лица починале.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден