Во Есен наркомани и алкохоличари чистат улици во замена за пиво и цигари

Од:

Во германскиот град Есен од денеска под договор ќе работат наркомани и алкохоличари како чистачи на улици и во замена за пиво, цигари и пари.

Акцијата ќе ја раководат социјални работници и ќе се спроведе во централниот дел од градот.

Според весникот Велт, шест луѓе од денеска ќе почнат да чистат улици, да собираат смет за 1,25 евра за час, ќе добиваат топла храна, три шишиња пиво и цигари за пушачите.

Проектот предизвика критики на асоцијации за помош на бездомници кои негодуваат поради ниската сума пари одредена за дневната работа. Тие прашуваа и дали е разумно да им се дава алкохол на зависници и тоа од јавни средства.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани