Во Еквадор запленети се 2,4 тони кокаин наменет за Белгија

Од:

Еквадорската полиција заплени 2,4 тони кокаин во контејнер со банани наменет за Белгија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.

„Заленети се 2,4 тони кокаин“, соопшти Министерството на Твитер, додавајќи дека едно лице е уапсено.

При претресот на контејнерите, полицијата пронашла 2.461 пакување кокаин скриени со банани, еден од главните извозни производи во земјата.

Во 2021 година еквадорските власти запленија рекордна количина од 210 тони дрога, главно кокаин, а од почетокот на годината се запленети над 70 тони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Русија би можела да остане без банани

А1он

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж