Во експлозија во илегален рудник за злато во Буркина Фасо загинаа најмалку 63 лица

Од:

Најмалку 63 луѓе загинаа, а околу 40 се повредени во вчерашната експлозија во илегален рудник за злато во југозападниот дел на Буркина Фасо, соопшти државната телевизија, пренесуваат западни медиуми. Според болнички извори бројот на повредените е над 70 лица.

Властите информираа дека едно лице е уапсено под обвинение за убиство од небрежност. – Се надеваме дека ова лице ќе може да даде објаснување за околностите и причините за експлозијата, рече државниот обвинител.

Експлозијата се случи во таен рудник за злато во Гомгомбиро. Локален жител рече дека тоа се случило во област што се користела за складирање на шверцувани стапчиња динамит, но служела и како пазар за рударите.

Гувернерот на регионот, Вендинманегде Емануел Зонго, објави дека го затвора рудникот до понатамошно известување и ги повика рударите и локалното население „искрено да соработуваат“ со истражителите.

Легалното ископување во сиромашната земја Сахел генерира околу 70 тони злато годишно и генерира околу 15.000 работни места директно и 50.000 индиректно, според официјалните бројки.

Но, нелегалното ископување злато е неконтролирано и обично ги прекршува безбедносните и еколошките стандарди.

Според проценката на Министерството за рударство, неовластените рудници произведуваат 10 тони злато годишно и обезбедуваат работа за околу 1,5 милиони луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

Во несреќа во рудник во Кина загинаа 10 лица, шест се водат за исчезнати

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

Од рудник за бакар до позелена иднина: Животно патување на еден геолог

Катерина Ѓуровски

Еден рудар загина, петмина се повредени во подземен земјотрес во полски рудник