Во експлозија на мина во Кундуз погинаа 15 авганистански цивили

Од:

Петнаесет авганистански цивили, меѓу кои шест жени и осум деца, се убиени во експлозија на подментната мина при минување на возило со кое патувале во местото Имам- Сахиб, на север од земјата, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

-Околу 17 часот по локално време мина, што ја поставиле талибанските екстремисти, експлодирала при минување на цивилно возило во покраината Кундуз, и во неа смртно настрадале 15 цивили, изјави Насрат Рахими.

Меѓу жртвите шест се жени, осум деца и еден маж, прецизира тој.

Местото Имам-Сахиб се наоѓа на границата со Таџикистан.

Во покраината Кундуз редовно се водат борби меѓу талибанците и владините безбедносни сили, кои ја имаат поддршката од Американците.

Во оваа покраина се засолнети бројни членови на Исламска држава. По атентатот од 6 ноември во Таџикистан, шефот на руското ФСБ, Александар Бортников, предупреди на зголемената активност на Исламска држава во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан