Во експлозија на бомба во Германија, загина сириски бегалец

Од:

Полицијата во јужниот германски град Ансбах, во близина на Нирнберг, соопшти дека во силната експлозијата, која одекна синоќа околу 22 часот и 30 минути загинал еден човек кога експлозивната направа за која се верува дека ја носел била активирана во близина на еден музички фестивал.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека станува збор за 27 годишен сириски бегалец кој пристигнал во Германија пред две години.

Нему пред една година му било одбиено барањето за азил, но сепак му било дозволено да остане во Германија поради конфликтот во Сирија. Херман изјави дека тој се разнесол откако не му бил дозволен влез на фестивалот, бидејќи немал билет. Според Херман, се уште не е јасно дали тој имал намера да убие и други луѓе или да изврши самоубиство. Во експлозијата најмалу 12 луѓе биле повредени.

Веднаш по експлозијата фестивалот е прекинат од страна на полицијата.

За само една недела најјужната и најбогатата германска покраина Баварија беше погодена од три сериозни инциденти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис