Во екплозијата во Истанбул ранета е државјаннка на Србија

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека во денешниот терористички напад е ранет еден српски државјанин.

„Во денешната експлозија во Истанбул е ранета една наша државјанка. Таа е туристка Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде вечерва ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото “ изјави министерот.Дачиќ за Курир.

Засега, пак, како што наведува Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.

„Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со нашиот ранет граѓанин. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата“, додаде Дачиќ.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од жена која е осомничена дека е учесничка во нападот. Таа носи хиџаб и панталони, а откриен е само нејзиниот врат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи