Во Данска запленети сто килограми кокаин и уапсени 27 лица

Од:

Данската полиција денеска уапси 27 лица осомничени за илегална трговија со дрога откако на товарен брод, регистриран на Бахамите, откри и кофискува 100 килограми кокаин.

Полицијата во Копенхаген соопшти дека кокаинот е запленет вчера, во текот на меѓународно координирана акција.

Сите осомничени се странски државјани и според данските закони можат да бидат осудени на 16 години затвор. Помеѓу уапсените има државјани на Русија, Летонија, Еквадор и Филипини.

Вредноста на запленетиот комаин се проценува на околу 50 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ

Данска ќе испраќа затвореници во Косово

Горан Наумовски