Во Британија младите до 30 години ќе примаат од вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“, наместо „АстраЗенека“

Од:

Имунизацијата против Ковид-19 со вакцините на Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ на лица на возраст под 30 години ќе биде запрена денеска врз основа на препораките на Британската агенција за лекови и медицински производи (МХРА), јавија британските медиуми.

Агенцијата наведува дека луѓето на возраст меѓу 18 и 29 години, наместо со „Астра Зенека“ ќе бидат вакцинирани со вакцината „Фајзер“ или „Модерна“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека внимателно ќе ги следи советите за вакцини на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, МХРА и JCVI (Мешовит комитет за вакцинација и имунизација), но не верува дека ќе мора да го смени распоредот за да ги олесни ограничувачките мерки.

– Мислам дека клучна работа е да се слуша што зборуваат научниците и лекарите, медицинските експерти, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он