Во Белорусија се препродавале уметнички дела наводно одземени од домот на Виктор Јанукович

Од:

Белорускиот КГБ соопшти дека уапсил неколку трговци со уметнички дела кои се обиделе да продадат пет слики за кои тврделе дека биле одземени од резиденцијата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Портпаролот на КГБ, Артур Стрек изјави дека дилерите барале два милиона евра за слики на Моне, Ван Гог, Кандински, Нумк и рускиот сликар Константин Јуон.

Засега не е утврдено дали станува збор за автентични дела, ниту дали навистина му припаѓале на Јанукович, кој во февруари побегна од Украина по повеќемесечни протести.

Стрек истакна дека при претрес на домовите на уапсените дилери откриени се повеќе од 100 икони и слики.

Би можело да ве интересира

Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина

Горан Наумовски

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски