Во Белорусија над 900 кривични пријави за членови на опозицијата и демонстранти против Лукашенко

Од:

Организациите за заштита на човековите права од Белорусија денеска соопштија дека властите во земјата покренале повеќе од 900 кривични пријави за потенцијални долгогодишни затворски казни против опозициските лидери и антивладините демонстранти, кои учествуваа во протестите летово, по претседателските избори.

Обвиненијата во случаите вклучуваат учество или планирање немири и насилство врз полицијата, наведува невладината Виасна. За најтешкото дело е предвидена казна затвор до 15 години.

Извештајот, објавен од Центарот за човекови права Виасна, го нагласува остриот одговор на несогласувањето во времето на претседателот Александар Лукашенко, кој владее со Белорусија од 1994 година и прогласи победа на изборите во август.

Протестите, од кои некои беа со повеќе од 100.000 луѓе, ја потресуваа Белорусија од изборите одржани на 9 август, на кои Лукашенко освои големо мнозинство гласови, а кои опозицијата не ги признава. Исто така и ЕУ и САД оценија дека изборите биле „наместени“.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски