Во автобуска несреќа загинаа 17 мигранти во источна Турција

Од:

Седумнаесет лица загинаа, а 50 се повредени откако автобус во кој се превезувале мигранти се преврте во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата Мехмет Емин Билмез, цитиран од државната агенција Анадолија.

Агенцијата ДПА пренесува дека минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.

Гувернерот Билмез изјави дека турскиот возач, исто така, починал, додека националностите на останатите патници не е позната.

Тој додаде дека повредените биле пренеси во неколку болници во градот Ван.

-Седуммина од повредените се наоѓаат на интензивна нега. Со божја волја, бројот на жртвите не очекуваме да расте, додаде Билмаз.

Градот Ван се наоѓа на рутата на мигрантите од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, на нивниот пат кон Европа, наведе ДПА.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски