Во Австрија лицата постари од 65 години ќе добијат бесплатни заштитни маски

Од:

Во Австрија, населението постаро од 65 години ќе добие по десет бесплатни заштитни маски ФФП2 од државата со цел да се заштити од коронавирусот.

Министерството за здравство ќе добие одобрение, според барањето на Владата, да ги стави маските на располагање на постарата популација.

Трошоците за оваа акција, која треба да биде одобрена од австрискиот Парламент, се проценува дека ќе изнесуваат 24 милиони евра.

Целта е да им се овозможи на постарите граѓани, кои се ризична група, полесен пристап до ефикасни маски.

Постарите жители на Австрија по пошта ќе добијат по десет маски.

За потребите на оваа акција, австрискиот Парламент треба да му овозможи на Министерството за здравство увид во централниот регистар за населението.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче