Во австралиската држава Викторија изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19

Од:

Премиерот на државата Викторија во Австралија, Даниел Ендруз изјави дека изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19, поради што надлежните се многу загрижени.

Во државата Викторија вчера е забележан долгоочекуваниот пад на бројот на нови инфекции за еден ден – 397 нови случаи, но дури 17 смртни случаи кај пациенти.

Така, вкупниот број на смртни случаи во државата Викторија достигна 210, а во целата земја 295.

Во исто време, премиерот Ендруз потврди дека илјадници здравствени работници се заразени со вирусот. Строгите вонредни мерки се во сила во главниот град на Викторија, Мелбурн веќе една недела, со полициски час во текот на ноќта и ибврска за задолжително носење маски, но подобрувањето на епидемиолошката состојба се очекува дури за две недели.

Само во изминатите 24 часа казнети се околу 270 граѓани на Викторија за непочитување на рестриктивните мерки на Владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили