Во Австралија запленета дрога вредна 1,1 милијарда долари

Од:

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, која била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.

Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.

„Способноста што оваа криминална организација ја покажа, во однос на обемот и големината, е огромна. Овие бројки се неверојатни“, наведоа од полицијата на Нов Јужен Велс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча