Во Австралија влегле 1,8 милијарди долари од Ватикан, Светата столица првпат слуша

Од:

Ватикан и Австралиската католичка црква негираа дека имале какво било знаење за трансфер на пари од Рим во Австралија во претходните седум години, а станува збор за 1,8 милијарди долари.

– Толку многу трансфери и таа сума пари не го напуштиле Ватикан, изјави висок функционер на Ватикан, кој има увид во финансиите.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, во изјавата за западни медиуми нагласи дека Ватикан ќе побара детали од австралиските власти за потеклото и дестинацијата на парите.

– Тоа не се наши пари, бидејќи немаме толку многу пари. Јас сум шокиран, додаде тој.

Бројките станаа достапни за јавноста во декември кога ги објави австралиската служба „Австрац“, на барање на сенаторот Кончита Фјеравани-Велс.

Австрац наведе дека за седум години биле извршени 47.000 трансфери.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј