Во Австралија горат повеќе од 100 шумски пожари

Од:

Силниот ветрер разгоре повеќе од 100 пожари во две австралиски држави, а огнената стихија уништи илјадници хектари земја во некои области, соопштија локалните власти.

Силниот ветер, исто така, ги одложи летовите до и од Сиднеј, најпрометниот аеродром во Австралија, каде една писта беше затворена три часа.

Пожарите започнале порано од вообичаеното во Квинсленд и Нов Јужен Велс, оцени противпожарната служба. – Оваа рана сезона е без преседан, рече Нил Галант, заменик комесар за пожарите во Квинсленд.

Бирото за метеорологија предупреди на силен ветер, чија брзина се движи околу 90 километри на час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили