Во Авганистан убиени двајца американски војници

Од:

Двајца американски војници денеска биле „убиени во акција“, пренесуваат некои американски медиуми, повикувајќи се на извор во командата на мисијата на НАТО во Авганистан.

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, се истакнува дека од почетокот на годината во Авганистан загинале најмалку 14 војници на армијата на САД.

Изминатата недела во Авганистан се случија неколку терористички напади, а најмалку еден бил извршен од групата „Исламска држава“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати досега истакна дека планира да ја заврши долготрајната американска воена кампања во земјата, која тој синоќа ја нарече „миротворска“ и да склучи договор со Талибанското движење.

– Во секој случај, САД имаат намера да останат во Авганистан со значителни сили, претставници на разузнавачките служби, изјави претседателот Трамп.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама