Во Авганистан при напад со американски дрон загинаа 30 цивили

Од:

Најмалку 30 цивили се убиени, а 40 се повредени во Авганистан при напад на американско беспилотно летало. Нападот бил насочен кон цели на Исламска држава.

Нападот бил извршен во планинското подрачје Вазир Танги во провинцијата Нангахар, источен Авганистан.

Авганистанското Министерство за одбрана и американски претставници во Кабул го потврдија нападот со дрон, но не соопштија детали.

– Американските сили извршија напад со дрон врз цели на ИД во Нангархар. Известени сме за наводите дека страдале лица кои не се борци и заедно со локалните претставници работиме на утврдување на фактите, изјави портпаролот на американските сили во Авганистан, Сони Леџет.

Во Авганистан се распоредени околу 14.000 американски војници.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски