Во Авганистан наскоро почнува ослободување на талибански затвореници

Од:

Талибанците најавија дека авганистанската Влада ќе почне да ослободува талибански затвореници кон крајот на месецов, а висок владин претставник потврди дека процесот ќе започне „во рок од седум дена“.

Таквиот потег би можел да го отстрани клучниот фактор во застојот на преговорите меѓу Владата и бунтовниците во рамки на мировниот процес со посредство на САД.

– На состанокот е одлучено дека ослободувањето на затворениците треба да почне до крајот на март, напиша на Твитер талибанскиот портпарол Сухаил Шахин, повикувајќи се на виртуелниот состанок на кој присуствувале талибански и владини претставници.

Според Шахин, на состанокот учествувале и американски и катарски претставници, како и членови на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, додавајќи дека талибанците ќе испратат свој тим во притворскиот центар Баграм, каде се затворени многу нивни припадници.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан